Вебинар: Иновациска политика и евалуација

Фондација за Претприемачки сервис за млади ги поканува сите заинтересираните претставници на граѓански организации кои дејствуваат во полето на Поглавје 20 да ја следат обуката на тема  Иновациска политика и евалуација “, која ќе се одржи на 27-ми април 2018 година (петок), од 09.00 – 17.00ч, со пренос во живо на следниот линк.

Обуката ќе ја водат д-р Алеш Липник, експерт за иновациска политика од Словенија, директор на Центарот за развој и трансфер на знаење, Универзитет Приморска, Словенија, и м-р Катарина Кречева, експерт по иновациски и образовни развојни политики, вработена во Фондот за иновации и технолошки развој како советник за развој на програми.

Агенда за обука.

Учесниците ќе имаат можност да поставуваат прашања до обучувачот на следниот линк. Прашањата ќе бидат одговорени во последната сесија од денот.
 
Ова е втората обука од предвидената серија на 6 еднодневни обуки кои се реализираат во рамки на програмата за јакнење на капацитетите на граѓанските организации, во состав на новоформираната платформа „Поглавје 20“, во која членуваат 47 граѓански организации и институции кои делуваат во областа на Поглавје 20. 

Активностите кои се спроведуваат се дел од проектот „Јакнење на капацитетите и механизмите за поддршка на реформскиот процес на Поглавје 20 (YESNetwork+)“, финансиран од Европската Унија преку ИПА програмата за поддршка на граѓанското општество и медиуми 2015.
Проектот цели да постигне координација помеѓу граѓанските организации во реформскиот процес за Поглавје 20, да ги зајакне капацитетите на граѓанските организации за креирање на политики, вмрежување и следење на политиките за Поглавје 20.
За повеќе информации, контактирајте не на 3108 891 или sofija.cali@yes.org.mk .

Категории

Најнови вести

Најпопуларни вести

Архива