Вебинар: Методологија за истражување на политики и креирање на документи за јавни политики

Фондација за Претприемачки сервис за млади ги поканува заинтересираните претставници на граѓанските организации кои дејствуваат во полето на Поглавје 20 да ја следат обуката на тема Методологија за истражување на политики и креирање на документи за јавни политики“, која ќе се одржи на 04-ти мај 2018 година (петок), од 09.00 – 17.00ч, со пренос во живо на следниот линк.

Обуката ќе ја води д-р Самоил Малчески, кој е активен во невладиниот сектор повеќе од 15 години, тој е автор на универзитетскиот учебник „Методологија на научно-истражувачка работа“, а во овој момент е доцент на Универзитетот „Евро-Балкан“ во Скопје.

Агенда за обука

Учесниците ќе имаат можност да поставуваат прашања до обучувачот на следниот линк. Прашањата ќе бидат одговорени во последната сесија од денот.
 
Ова е третата обука од предвидената серија на 6 еднодневни обуки, со пренос во живо, кои се реализираат во рамки на програмата за јакнење на капацитетите на граѓанските организации, во состав на новоформираната платформа „Поглавје 20“, во која членуваат 47 граѓански организации и институции кои делуваат во областа на Поглавје 20. 

Активностите кои се спроведуваат се дел од проектот „Јакнење на капацитетите и механизмите за поддршка на реформскиот процес на Поглавје 20 (YESNetwork+)“, финансиран од Европската Унија преку ИПА програмата за поддршка на граѓанското општество и медиуми 2015.
Проектот цели да постигне координација помеѓу граѓанските организации во реформскиот процес за Поглавје 20, да ги зајакне капацитетите на граѓанските организации за креирање на политики, вмрежување и следење на политиките за Поглавје 20.

За повеќе информации, контактирајте не на 3108 891 или sofija.cali@yes.org.mk .

Категории

Најнови вести

Најпопуларни вести

Архива