Вебинар: Дизајн на стратегија за паметна специјализација

Фондација за Претприемачки сервис за млади ги поканува сите заинтересираните претставници на граѓански организации кои дејствуваат во полето на Поглавје 20 да ја следат обуката на тема „Дизајн на стратегија за паметна специјализација“, која ќе се одржи на 11-ти мај 2018 година (петок), од 09.00 – 17.00ч, со пренос во живо на следниот линк.

Што е паметна специјализација?
Паметна специјализација е нов концепт за иновациска политика дизајниран да промовира ефикасно и ефективно користење на јавните инвестиции. Неговата цел е да ги зајакне регионалните иновации со цел да се постигне економски раст и просперитет, овозможувајќи им на регионите да се фокусираат на нивните предности. Паметната специјализација подразбира дека распределбата на инвестициите на повеќе технолошки полиња ризикува да го ограничи влијанието во било која од областите. Со цел подобро да се разбере концептот на паметна специјализација погледнете го следното видео.


Обуката ќе ја води м-р Петра Савич (Романија), експерт за креирање на стратегии за паметна специјализација, директор на Одделот за регионални стратегии и трансфер на технологии, при Агенција за развој на северо-западен регион, Романија. Таа има повеќе од 10 години искуство во регионален развој, проектен и програмски менаџмент, со практично искуство со иновациски политики и политики за паметна специјализација.

Агенда за обука.

Учесниците ќе имаат можност да поставуваат прашања до обучувачот на следниот линк. Прашањата ќе бидат одговорени во последната сесија од денот.
 
Ова е четвртата обука од предвидената серија на 6 еднодневни обуки кои се реализираат во рамки на програмата за јакнење на капацитетите на граѓанските организации, во состав на новоформираната платформа „Поглавје 20“, во која членуваат 47 граѓански организации и институции кои делуваат во областа на Поглавје 20. 

Активностите кои се спроведуваат се дел од проектот „Јакнење на капацитетите и механизмите за поддршка на реформскиот процес на Поглавје 20 (YESNetwork+)“, финансиран од Европската Унија преку ИПА програмата за поддршка на граѓанското општество и медиуми 2015.

Проектот цели да постигне координација помеѓу граѓанските организации во реформскиот процес за Поглавје 20, да ги зајакне капацитетите на граѓанските организации за креирање на политики, вмрежување и следење на политиките за Поглавје 20.

За повеќе информации, контактирајте не на 3108 891 или sofija.cali@yes.org.mk .

 

Категории

Најнови вести

Најпопуларни вести

Архива