Обука: Индустриска политика базирана на докази

Фондација за Претприемачки сервис за млади ги поканува заинтересираните претставници на граѓански организации кои дејствуваат во полето на Поглавје 20 да учествуваат на обука на тема Индустриска политика базирана на докази“, која ќе се одржи на 23-ти мај 2018 година (среда), од 09.00 – 17.00ч, во просториите на Стопанска Комора на Македонија (кат 5-ти, сала бр.4) во Скопје.

Обуката ќе ја водат д-р Јасмина Maјстороска, експерт за развој и имплементација на индустриска политика, вработена како советник во секторот за Индустриска политика во Министерството за Економија и д-р Паскал Желев, експерт за индустриска политика, професор на Универзитетот за национална и светска економија во Софија, Бугарија.
Дел од обуката ќе се одржува на македонски а дел на англиски јазик, за кој ќе биде овозможен и превод.

Пријавување на учесници на следниот линк! 

Рок за пријавување на учесници е 21.05.2018. За потврда на Вашето учество на обуката, ќе добиете потврда на мејл.

Агенда за обука.

На настанот ќе бидат покриени ручек и кафе паузи. Исто така проектот покрива и патни трошоци за учесници кои не се од Скопје, во висина од повратна автобуска карта по лице.

Ова е последната обука од предвидената серија на 6 еднодневни обуки кои се реализираат во рамки на програмата за јакнење на капацитетите на граѓанските организации, во состав на новоформираната платформа „Поглавје 20“, во која членуваат 47 граѓански организации и институции кои делуваат во областа на Поглавје 20. 

Активностите кои се спроведуваат се дел од проектот „Јакнење на капацитетите и механизмите за поддршка на реформскиот процес на Поглавје 20 (YESNetwork+)“, финансиран од Европската Унија преку ИПА програмата за поддршка на граѓанското општество и медиуми 2015.

Проектот цели да постигне координација помеѓу граѓанските организации во реформскиот процес за Поглавје 20, да ги зајакне капацитетите на граѓанските организации за креирање на политики, вмрежување и следење на политиките за Поглавје 20.

За повеќе информации, контактирајте не на 3108 891 или sofija.cali@yes.org.mk .