Вебинар: Индустриска политика базирана на докази

Фондација за Претприемачки сервис за млади ги поканува сите заинтересираните претставници на граѓански организации кои дејствуваат во полето на Поглавје 20 да ја следат обуката на тема Индустриска политика базирана на докази“, која ќе се одржи на 23-ти мај 2018 година (среда), од 09.00 – 17.00ч, со пренос во живо на следниот линк.

Обуката ќе ја водат д-р Јасмина Maјстороска, експерт за развој и имплементација на индустриска политика, вработена како советник во секторот за Индустриска политика во Министерството за Економија и д-р Паскал Желев, експерт за индустриска политика, професор на Универзитетот за национална и светска економија во Софија, Бугарија.

Агенда за обука.

Учесниците ќе имаат можност да поставуваат прашања до обучувачот на следниот линк. Прашањата ќе бидат одговорени во последната сесија од денот.
 
Ова е последната обука од предвидената серија на 6 еднодневни обуки кои се реализираат во рамки на програмата за јакнење на капацитетите на граѓанските организации, во состав на новоформираната платформа „Поглавје 20“, во која членуваат 47 граѓански организации и институции кои делуваат во областа на Поглавје 20. 

Активностите кои се спроведуваат се дел од проектот „Јакнење на капацитетите и механизмите за поддршка на реформскиот процес на Поглавје 20 (YESNetwork+)“, финансиран од Европската Унија преку ИПА програмата за поддршка на граѓанското општество и медиуми 2015.

Проектот цели да постигне координација помеѓу граѓанските организации во реформскиот процес за Поглавје 20, да ги зајакне капацитетите на граѓанските организации за креирање на политики, вмрежување и следење на политиките за Поглавје 20.

За повеќе информации, контактирајте не на 3108 891 или sofija.cali@yes.org.mk .