Покана за учество на работна средба

Здружението на бизнис жени на Македонија на ден 25.06.2018 година во Сала на Совет во општина Кичево со почеток во 12 часот организира работен состанок на кој се поканети локални жени претприемачки, постоечки и потенцијални, од општина Кичево, и притоа има за цел да се дојде до првични информации за состојбата на жените претприемачки во општината, согласно постоечките политики и мерки, како и да се дискутира за препреките и предизвиците со кои се соочуваат, но и за формирање на ставот во дијалогот со институциите, општината, бизнис заедницата и ГО за понатамошна заедничка соработка при спроведување на Стратегијата за развој на ЖП во РМ. 

Заинтересираните можат да го потврдат своето присуство на следната е-маил адреса: elenab.abw@gmail.com.

Работната средба се спроведува во рамки на проектот „Креирање на поволен деловен амбиент и обезбедување подобра системска поддршка на претпријатијата во сопственост на жени“, финансиран од Европската Унија, кој Здружението на бизнис жени го спроведува како субгрантист во рамки на проектот „Јакнење на капацитетите и механизмите за поддршка на реформскиот процес на Поглавје 20 (ЈЕСНетворк+)”.

Категории

Најнови вести

Најпопуларни вести

Архива