Креиран првиот национален ресурсен центар за креирање и следење на политиките за преговарачкото поглавје 20

Платформата за претпријатија и индустриска политика „Поглавје 20“, во состав на своите активности го креираше првиот ресурсен центар www.poglavje20eu.org , предвиден како виртуелен простор за споделување и трансфер на знаење помеѓу клучните чинители кои со своите активности делуваат во реформскиот процес на Поглавје 20.
 
Ресурсниот центар вклучува дигитална библиотека со релевантни стратешки документи, извештаи и анализи, документи за политики, материјали за градење на капацитети на граѓанските организации, алатки и водичи за креирање на политики, едукативни видеа, вебинари, информации за членките на Платформата „Поглавје 20“, како и информации за настани и новости.





Оваа активност има за цел да обезбеди потребна основа и трансфер на знаење и ресурси за успешно воспоставување и функционирање на платформата Поглавје 20 на национално ниво.





Ресурсниот центар е поврзан со главната веб-страница на YESNetwork (www.yesnetwork.org) и претставува еден од резултатите на проектот „Јакнење на капацитетите и механизмите за поддршка на реформскиот процес на Поглавје 20 (YESNetwork+)“, што ќе се одржат долго по завршување на проектот како составен дел на мрежата YESNetwork.

 

Категории

Најнови вести

Најпопуларни вести

Архива