Одржани трите обуки за јакнење на капацитетите на граѓанските организации за влијание на младинските политики

Во текот на месец април и месец мај, се одржаа трите дводневни обуки за јакнење на капацитетите на граѓанските организации за влијание на младинските политики. Овие обуки се дел од проектот „Јакнење на капацитетите на граѓанските организации со цел унапредување на креирањето на младински политики“, финансиран од Европската Унија, а имплементиран од Фондацијата за Претприемачки сервис за млади и Младинскиот културен центар од Битола. Трите настани се одржаа во хотелот Шатор, под падините на планината Пелистер во Битола, а учествуваа вкупно 45 претставници на различни граѓански организации од територијата на целата земја.

Првата од серијата три обуки за јакнење на капацитетите на граѓанските организации за влијание на младинските политики, се одржа на 19-ти и 20-ти април 2018. Оваа група беше составена од 16 претставници на граѓански организации. За време на дводневната обука, учесниците учеа и ги развиваа своите вештини за креирање и имплементирање на младински политики на разни теми, согласно интересите кои ги застапуваат преку нивните организации и проекти, како развој на социјалното претприемништво, човекови права, заштита на жртви на семејно насилство, локален развој и развој на младите, превенција на миграциите од малите места, итн. Фотографиите од првата обука се наоѓаат на овој линк.

Во вториот ден од обуките, заедно со обучувачот и експерт Ивона Крстевска, учесниците работеа на младинска политика од концепт до пракса, активно симулирајќи го процесот на креирање на младинска политика. По групната работа, сите изведоа презентации на сработеното, заедно дискутирајќи ги аспектите на креираните политики и начините за остварување на влијание во соработка со локалните власти и со институциите. Во рамки на дискусиите, рефлексиите и дводневните обуки, претставниците на граѓанските организации креираа препораки кои ќе претставуваат темел за изработка на водич и онлајн курсеви за влијание врз младинските политики, кои се дел од следните активности во рамки на проектот „Јакнење на капацитетите на граѓанските организации со цел унапредување на креирањето на младински политики“, поддржан од Европската Унија.

Втората од серијата три обуки беше изведена пред 13 нови претставници на 13 различни граѓански организации од повеќе градови во земјата. Претставниците и нивните матични организации застапуваа различни теми од интерес, меѓу кои намалување на младинската невработеност, влијанието на локалните политики на општинско ниво, заштита на животната средина, повторно развој на социјалното претприемништво, развој на културата, младинското учество, како и стимулација и задржување на младите во помалите места како одново потврден предизвик. Втората обука се одржа на 26-ти и 27-ми април 2018. Фотографиите од втората обука се наоѓаат на овој линк.

Третата и последна од серијата обуки за влијание на младинските политики кои се одржаа во хотелот Шатор во Битола се случи на 10-ти и 11-ти мај 2018. Последната група беше составена од 16 претставници на граѓански организации, кои работат на економски и правни истражувања и политики, подобрување на социо-економските услови за живот и задржување на младите во земјата, развој на образованието, унапредување на малцинските и родовите права на младите, локалното учество, претприемништвото, младинскиот активизам и работничките права на младите. Со оваа група беше заокружен процесот на обучување на 45-те претставници на граѓанските организации за јакнење на нивните капацитети за креирање и влијание врз младинските политики. Фотографиите од третата обука се наоѓаат на овој линк.

Општите впечатоци на учесниците беа сакаат овој тип на обуки да траат и подолго, имајќи го предвид нивниот интерес и потреба максимално да ги развијат нивните вештини за активно застапување на интересите на нивните организации, како и младите луѓе кои ги претставуваат. Следните активности кои се дел од проектот „Јакнење на капацитетите на граѓанските организации со цел унапредување на креирањето на младински политики“, финансиран од Европската Унија, а имплементиран од Фондацијата за Претприемачки сервис за млади и Младинскиот културен Центар од Битола, вклучуваат изработка на водич за креирање и влијание на младинските поликити, онлајн курсеви и настани за вмрежување.

Галерија

Категории

Најнови вести

Најпопуларни вести

Архива