КРЕИРАН НОВ ВЕБ ПОРТАЛ „WE-CONTRIBUTE“ ЗА ЦЕЛИТЕ НА НАЦИОНАЛНИОТ СОВЕТ ЗА ЖЕНСКО ПРЕТПРИЕМНИШТВО

Ни претставува задоволство да ја споделиме информацијата со вас за креирањето на веб порталот кој ќе работи во склоп на проектот  „Јакнење на придонесот и ефикасноста на граѓанските организации од женското претприемништво кон ЕУ интегративните реформи во областа на економската политика” WE-Contribute за целите на Националниот совет за женско претприемништво.
Веб порталот се наоѓа на следниот линк: https://wecontribute.mk/

На веб порталот може да најдете:
  • информации за настани и новости на членките од Советот
  • календар на настани за сите заинтересирани граѓански организации и жени претприемачи
  • дигитална библиотека со релевантни анализи
  • документи за политики
  • едукативни видеа
  • активни грантови од полето на женско претприемништво
  • информации за сите заинтересирани организации и жени претприемачи од областа на женското претприемништво.
 
Би ни било од големо значење доколку овој портал го користиме сите ние како наш заеднички веб портал на кој сите ќе ги споделуваме активностите и информациите од сверата на женското претприемништво. Објавувањето на информации ќе биде овозможено за сите заинтересирани кои сакаат да се промовираат.  Заинтересираните ќе имаат можност да ги достават информациите кои сакааат да бидат објавени на веб порталот и кои ќе бидат споделени до таргет групите на кои работи и овој совет. 

Информациите може да содржат:
  • покана / промоција
  • партнерство/ вмрежување
  • понуда за соработка
  • ПР текст
  • фотографии
  • успешни приказни
 
Преку оваа активност ќе се овозможи размена на знаења, ресурси како и подигање на свеста за важноста на постоење на ефективен механизам за консултации, застапување и влијание.
Информациите може да ги доставите на следната е-маил адреса: emilija.mitevska@mir.org.mk
 
 

Категории

Најнови вести

Најпопуларни вести

Архива