Одржана тркалезна маса на тема Едукација – линк со претприемништво


 На 05-ти октомври 2018 (петок), во  Хотел Порта во Скопје со почеток од 13 часот, беше одржана тркалезна маса на тема Едукација - линк со претприемништво дел од проектот „Јакнење на придонесот и ефикасноста на граѓанските организации од женското претприемништво кон ЕУ интегративните реформи во областа на економската политика (We-Contribute). Проектот се имплементиран од страна на Фондацијата за менаџмент и индустриско истражување во партнерство со Здружението на бизнис жени и ГТФ Иницијативата за одржлив раст од Хрватска.


 

Емилија Андонова од Фондацијата за менаџмент и индустриско истражување посочи дека проектот предвидува како од образованието да се дојде до претприемништво и што би ги инспирирало младите, а посебно жените претприемачи и сите кои им е потребна дополнителна едукација.

- Главната цел на проектот е да се подобри одговорот на граѓанското општество кон предизвиците за интеграција во ЕУ во областа на женското прептриемништво со тоа што ќе се обезбедат експерти, ресурси и искуства за надополнување на активностите. Проектот ќе се осврене на некои од идентификуваните предизвици и ќе придонесе за позиционирање на жените претприемачки и нивните организации како еден од клучните социјални партнери во процесите на реформи за интеграцијата во ЕУ, рече Андонова.

Нагласи дека денеска ќе бидат презентирани практики од претприемништвото во образовните институции.



Валентина Дисоска претседател на Здружението на бизнис жени посочи дека иако има голем број на жени кои завршуваат високо образование, нив, како што кажа, ги нема во процесот на вработување, а уште помалку во процесот на креирање на компании, односно во претприемништвото.

- Во принцип во Македонија едукацијата е на доста високо ниво и има голем број на кадар со високо образование, но евидентно е дека само мал дел од нив се занимаваат со претприемништво по завршувањето на образованието, а особено со женско претприемништво. Мораме образованието да го насочиме да работи на креирање на нови работни места преку претприемништво. Кај нас се уште не се препознава дека претприемништвото е една од основните насоки луѓето да се вработат и да бидат економски стабилни кога ќе излезат од едукацискиот процес. Напротив, се препознава дека треба да бидат вработени, особено во државна институција или банка. Токму затоа работиме да покажеме дека претприемништвото може да биде прв избор откога ќе се заврши образованието, потенцира Дисоска.

Многу години, додаде, се говори за воведување пракса во образованието, но неопходно е да се говори со надлежните и со компаниите за воведување на дуално образование.

- Женското претприемништо во земјава се уште не е изградено на доволно високо ниво иако имаме поддршка и разбирање од институциите. Само околу 25 до 30 отсто од бизнисите се во сопственост на жени, а особено е поразителен фактот што тие генерираат само 10 отсто од обртот и профитот. Тоа покажува дека се претежно во микро имал сегмент, а ние работиме на нивно економско јакнење, рече Дисоска.
 
Беа презентирани практики од претприемништво во образовните институции од страна на Професор од Економски Факултет - Моника Ангелоска - Дичовска како и споделени искуства во поглед на едукација како линкс со претприемништво од страна на Маја Лукарова - Претприемачки Сервис за Млади (ПСМ). На настанот земаа присуство над 30 учесници, претставници од владиниот и граѓанскиот сектор.
 

Галерија