Повик за учество на настани за вмрежување помеѓу граѓански организации и креаторите на политики поврзани со младите

Младинскиот културен центар – Битола во соработка со Фондација за Претприемачки сервис за млади објавува:
 
Повик за учество на настани за вмрежување помеѓу граѓански организации и креаторите на политики поврзани со младите
 
во рамките на проектот „Јакнење на капацитетите на граѓанските организации со цел унапредување на креирањето на младински политики“, програма IPA TAIB 2013 „Зајакната вклученост на граѓанското општество во реформите за интеграција во Европската унија“
 
 
  1. ВОВЕД
Еден од начините за граѓанските организации да ги постигнат промените што ги посакуваат е да   влијаат врз политиките. Влијанието врз политиките може да има многу форми: додека легислативните промени најчесто се разбираат како најконкретен начин за остварување на некоја промена, всушност, јавната политика вклучува и многу други прашања, регулативи, алокација на ресурси и одлуки кои треба да бидат засновани на докази и партиципативност.
 
Сите чинители, вклучувајќи ги и граѓански организации, треба тесно да соработуваат при формулирањето и имплементација на политиките, со цел поефективно справување со предизвиците со кои се соочува македонската економија и општество: корупцијата, високата стапка на невработеност, односите меѓу различните етнички групи итн. Сепак, капацитетите на ГО за активно учество во процесите на креирање политики сѐ уште остануваат не доволно развиени. Со цел да се зголеми нивната ефикасност и вклученост, ГО треба да имаат соодветни капацитети - знаење, финансии и добри односи со другите државни и недржавни чинители.
 
Проектот „Јакнење на капацитетите на граѓанските организации со цел унапредување на креирањето на младински политики“ има намера да ги зголеми овие капацитети на граѓанските организации, со цел тие  континуирано и ефикасно да влијаат на младинските политики и процесите на донесување одлуки на локално и национално ниво, што ќе придонесе за подинамично граѓанско општество.
 
 
  1. Настани за вмрежување
Целта на настаните за вмрежување е да се зајакнат меѓусебните односи, соработката и трансферот на знаење помеѓу граѓанските организации и другите државни и недржавни чинители релевантни во креирањето на младинските политики. Ова пак, ќе придонесе да се зајакне улогата и капацитетот на граѓанските организации за вијание врз младинските политики и стратешките развојни планови и мерки на локално и национално ниво.
Повикот се однесува за три дводневни настани за вмрежување за вкупно 60 учесници (20 учесници по настан) во текот на октомври, ноември и декември 2018 година. Настаните за вмрежување ќе се одржуваат во Битола и ќе бидат организирани како целодневни настани при што учесниците ќе можат да го поминуваат времето заедно формално и неформално со цел истовремено овозможување на повеќе придобивки: платформа за размена на информации, ставови и добри практики, вмрежување и отворање можности за соработка.
 
Концептот на настаните вклучува два дела: конференциски дел и дел со Б2Б средби за вмрежување што ќе им овозможи на учесниците (граѓански организации, државни и јавни институции, локaлна самоуправа) да се запознаат и потенцијално да остварат соработка. Секој настан за вмрежување ќе се осврне на една носечка тема по која учесниците ќе имаат можност да се информираат, дискутираат и воспостават нови врски за соработка. Темите и термините за секој настан за вмрежување се следните:


                   1. Младите и образовните политики (25 – 26 октомври 2018)
                      ПРОГРАМА за настанот

                  2. Младинска невработеност (22 – 23 ноември 2018)
                       
ПРОГРАМА за настанот


                  3. Младинска мобилност (20 – 21 декември 2018).  


Зошто да учествувате?
  • Ќе имате можност да учествувате на структурирана дискусија и поставите прашања поврзани со темите;
  • Ќе имате можност да проследите презентации за најдобри практики и успешни приказни на влијание врз младинските политики и соработка меѓу младинските организации и креаторите на младинските политики;
  • Ќе имате можност да се поврзете со конкретни организации или институции, да размените информации поврзани со вашата работа и да воспоставите основи за соработка во иднина.
Ќе имате можност да добиете директни информации за моменталната состојба како и за плановите, проектите и иновациите поврзани со младите од креаторите на младинските политики во областа на образованието, невработеноста и мобилноста;  
  1. Профил на учесници
  • Претставници на граѓански организации кои работат на младинските програми во организациите и имаат силна мотивација за вклучување во процесите на креирање и застапување за младинските политики
  • Активни членови и волонтери во граѓански организации, со фокус на младински организации;
  • Претставници на платформи и мрежи на млади во земјата
  • Претставници на студентски и средношколски сојузи
  • Креатори и спроведувачи на младински политики на национално и локално ниво
  • Претставници на образовни институции и провајдери на неформално образование
  • Претприемачи корисници на мерките за вработување на млади и сл.
 
За да се пријавите, Ве молиме пополнете ја пријавата преку следниот линк. Краен рок за пријавување на првиот настан е понеделник, 22-ри октомври 2018 до 16:00 часот. Контакт лице: Мери Нашоку 075 468 651.
 
Организаторот го задржува правото да прифати само еден од пријавените учесници од иста организација/институција, во случај на повеќе пријавени претставници од иста организација/институција.
Само селектираните учесници ќе бидат контактирани со понатамошни инструкции и информации околу нивното учество на настанот за кој се пријавиле. На учесниците ќе им бидат покриени трошоци за сместување, храна, материјали и пат.
 
 
 

Категории

Најнови вести

Најпопуларни вести

Архива