Одржан првиот настан за вмрежување на тема „Младите и образовните политики“

На 25-ти и 26-ти октомври во хотел „Капри“ во Битола се одржа првиот од трите настани за вмрежување на тема Младите и образовните политики“. Настанот е дел од проектот „Јакнење на капацитетите на граѓанските организации со цел унапредување на креирањето на младински политики“, финансиран од Европската унија, а имплементиран од ПСМ Фондација и МКЦ Битола.
 
Настанот беше организиран во два дела: „B2B“ (бизнис со бизнис средби за вмрежување) каде граѓанските организации имаа можност директно да се поврзат  меѓусебе и да разговараат за идни можности за соработка и конференциски дел на кој беа претставени претстојните политики во образованието и процеси кои се водат.
 
Во рамките на конференцискиот дел беше одржана и панел дискусијата „Младите во фокусот на образованието: кои се политиките и пристапите“ на која се беа дискутирани стратегиите и правната рамка за образованието во Македонија, спроведувањето на нови и тековни политики во сите степени на образованието, учеството на учениците и студентите во образовните институции, квалитетот на образованието кое се добива, инфраструктура и други поврзани прашања кои го ставаат младиот човек во центарот на образовниот процес.
 
На настанот зедоа учество претставници од граѓанскиот сектор кои имаат искуство и интерес за работа во полињата на образованието и младите, Бирото за развој на образованието, Центарот за образование на возрасните, образовни институции – училишта и факултети, локалната самоуправа итн.
 
Во текот на ноември и декември ќе бидат одржани уште два дводневни настани за вмрежување на теми „Младинска невработеност“ (22-23 ноември) и „Младинска мобилност“ (20-21 декември).
 
Настаните за вмрежување се реализираат во рамки на проектот „Јакнење на капацитетите на граѓанските организации со цел унапредување на креирањето на младински политики“, финансиран од Европската унија, во рамки на програмата IPA TAIB 2013.

Галерија

Категории

Најнови вести

Најпопуларни вести

Архива