Експертска работилница „Состојбите и предизвиците во Поглавје 20: Претпријатија и индустриска политика“

На ден 27-ми ноември (вторник) во хотел Александар II Скопје, со почеток од 11:00 часот ќе се одржи експертска работилница на тема „Состојбите и предизвиците во Поглавје 20: Претпријатија и индустриска политика“, во состав на проектот „Јакнење на капацитетите и механизмите за поддршка на реформскиот процес на Поглавје 20”, финансиран од Европската унија.

Ова е прва од серијата на три експертски работилници, чијашто цел е подготовка на релевантни документи за јавни политики (policy briefs) што ќе ги содржат клучните заклучоци и препораки од одржаните тематски работилници.

Првата експертска работилница опфаќа:
  • Принципи на политиката за претпријатија и индустриската политика
  • Инструменти на претпријатија и индустриска политика
  • Секторски политики
           Превземи АГЕНДА

Експертските работилници е предвидено да вклучат 25 експерти од различни релевантни институции, а истите да содржат отворени дискусии со учесниците, преглед на моменталните состојби, предизвици и препораки за унапредување.

Сите заинтересирани кандидати за учество на експертската работилница „ Состојбите и предизвиците во Поглавје 20: Претпријатија и индустриска политика“ може да се пријават на следниот линк: https://goo.gl/7GsY9L.
Поради лимитиран број на учесници, заинтересираните кандидати дополнително ќе бидат контактирани за потврда на регистрацијата за учество.

За сите претставници на институции и организации надвор од град Скопје, предвиден е надоместок за патните трошоци.

Проектот „Јакнење на капацитетите и механизмите за поддршка на реформскиот процес на Поглавје 20” е во имплементација од страна на партнерските организации: Фондација за Претприемачки сервис за млади, Фондација за Менаџмент и индустриско истражување и Здружение за рурален развој ЈАВОР.

Контакт лице за дополнителни информации: Маја Лукарова 070 233 785.


 

Категории

Најнови вести

Најпопуларни вести

Архива