Eкспертска работилница „Пристап до финансии за малите и средни претпријатија“

На ден 05-ти декември (среда) во хотел Александар II Скопје, со почеток од 11:00 часот ќе се одржи експертска работилница на тема „Пристап до финансии за малите и средни претпријатија“ во состав на проектот „Јакнење на капацитетите и механизмите за поддршка на реформскиот процес на Поглавје 20”, финансиран од Европската унија.

Ова е втората од серијата на три експертски работилници, чијашто цел е подготовка на релевантни документи за јавни политики (policy briefs) што ќе ги содржат клучните заклучоци и препораки од одржаните тематски работилници.

Втората експертска работилница опфаќа:
  • Национални извори на финансирање
  • Европски програми за финансирање МСП
  • Развој на нови производи и/или услуги за поддршка на пристапот до финансии за МСП
     Превземи АГЕНДА

Експертските работилници е предвидено да вклучат 25 експерти од различни релевантни институции, а истите да содржат отворени дискусии со учесниците, преглед на моменталните состојби, предизвици и препораки за унапредување.

Сите заинтересирани кандидати за учество на експертската работилница „Пристап до финансии за малите и средни претпријатија“ може да се пријават на следниот линк: https://goo.gl/ep5E5i .
Поради лимитиран број на учесници, заинтересираните кандидати дополнително ќе бидат контактирани за потврда на регистрацијата за учество.

За сите претставници на институции и организации надвор од град Скопје, предвиден е надоместок за патните трошоци.

Проектот „Јакнење на капацитетите и механизмите за поддршка на реформскиот процес на Поглавје 20” е во имплементација од страна на партнерските организации: Фондација за Претприемачки сервис за млади, Фондација за Менаџмент и индустриско истражување и Здружение за рурален развој ЈАВОР.

Контакт лице за дополнителни информации: Маја Лукарова 070 233 785.

Категории

Најнови вести

Најпопуларни вести

Архива