ПОВИК за учество на третиот настан за вмрежување на тема „Младинска мобилност“ што ќе се одржи од 20 – 21 декември 2018 година во Битола

Младинскиот културен центар – Битола, во соработка со Фондацијата за претприемачки сервис за млади организира настани за вмрежување наменети за граѓанските организации и креаторите на политики поврзани со младите.
 
Целта на настаните за вмрежување е да се зајакнат меѓусебните односи, соработката и трансферот на знаење помеѓу граѓанските организации и другите државни и недржавни чинители релевантни во креирањето на младинските политики. Ова пак, ќе придонесе да се зајакне улогата и капацитетот на граѓанските организации за вијание врз младинските политики и стратешките развојни планови и мерки на локално и национално ниво.
 
Зошто да учествувате?
 
  • Ќе имате можност да добиете директни информации за моменталната состојба како и за плановите, програмите и иновациите во областа на мобилноста;
  • Ќе имате можност да учествувате на структурирана дискусија и поставите прашања поврзани со темата;
  • Ќе имате можност да проследите презентации за најдобри практики, успешни приказни, како и за искуствата и научените лекции од мобилноста на терен;
  • Ќе имате можност да се поврзете со конкретни организации или институции, да размените информации поврзани со вашата работа и да воспоставите основи за соработка во иднина.

Настанот е наменет за претставници на граѓански организации кои имаат искуство и интерес за работа во полето на младинската мобилност, креатори и спроведувачи на политики за млади на национално и локално ниво, образовни институции, млади корисници на програмите за мобилност и сл.

Агендата за настанот е достапна ОВДЕ!
 
За да се пријавите, Ве молиме пополнете ја пријавата преку следниот линк. Краен рок е четврток, 13ти декември 2018.
 
Повеќе за повикот и настаните кои веќе се случија на:

http://www.yes-network.org/vest-statija/69023/povik-za-uchestvo-na-nastani-za-vmrezhuvanje-pomegju-gragjanski-organizacii-i-kreatorite-na-politiki-povrzani-so-mladite?fbclid=IwAR0MB34FdGeiw90Et5M-ghe9yyM61Q9t1mBdJ9nrQtkr8p9WN7GSTDNHZ1k

http://www.yes-network.org/vest-statija/69778/odrzhan-prviot-nastan-za-vmrezhuvanje-na-tema-mladite-i-obrazovnite-politiki   

https://www.facebook.com/mkcbt/photos/pcb.2182991438623145/2182988861956736/?type=3&theater

Категории

Најнови вести

Најпопуларни вести

Архива