Одржан третиот настан за вмрежување на тема „Младинска мобилност“

На 20 и 21 декември во хотел „Капри“ Битола се одржа третиот- последен настан од серијата на три настани за вмрежување, дел од проектот „Јакнење на капацитетите на граѓанските организации со цел унапредување на креирањето на младинските политики“ финансиран од Европската Унија.

Во рамките на последниот настан на тема „Младинска мобилност“ беа дискутирани моменталната состојба, плановите, програмите и новостите од областа на мобилноста меѓу кои и програмите Еразмус Плус вклучително и ЕВС, концептот и можностите за мобилност преку Регионалната канцеларија за младинска соработка (RYCO), за волонтерите на Peace Corps како и за платформите Млади Инфо и Youth Wiki.

Вториот ден беа одржани повеќе од 40 Б2Б состаноци помеѓу учесниците-претставници од граѓански организации со искуство и работа во полето на мобилноста, креатори и спроведувачи на политики за млади на национално и локално ниво, меѓународни организации, образозовни институции и млади корисници на програмите за мобилност, со цел поврзување, запознавање и остварување соработка на полето на мобилноста во иднина.

Проектот „Јакнење на капацитетите на граѓанските организации со цел унапредување на креирањето на младинските политики“ финансиран од Европската Унија а имплементиран од ПСМ Фондација и МКЦ Битола кој ќе биде финализиран во февруари 2019 има за цел да придонесе во подобрувањето на организациските капацитети на граѓанскиот сектор и да го зајакне активното граѓанство во процесот на креирање на младински политики. Покрај 3те настани за вмрежување, во рамките на проектот беа организирани и три 2-дневни обуки, онлајн курс за креирање младински политики и прирачник за младински политики, учество и застапување.

Галерија