Креиран „Прирачник за младински политики, учество и застапување “

Фондацијата Претприемачки сервис за млади, во декември 2018 година, издаде „Прирачник за младински политики, учество и застапување кој нуди нови знаења, современи методи и техники за зголемување на вештините за застапување на граѓанските организации во насока на засилување на нивното влијание врз јавните политики за млади. 

Прирачникот обработува три клучни области: младински политики, младинско учество и застапување и лобирање. Тие се претставени преку теоретски и практичен дел, каде што соодветно се елаборирани теоретските аспекти на опфатените теми и практични алатки за нивна примена.

Базирано на теорија и пракса, прирачникот претставува приказ на европскиот контекст на политиките за млади и на националните и локалните младински политики. Целта е да придонесе кон зголемување на младинското учество, особено во процесите на донесување одлуки, креирање политики и оспособување на граѓанските организации за застапување и лобирање за потребите на младите кај креаторите на политиките.

Прирачникот е дел од проектот „Јакнење на капацитетите на граѓанските организации со цел унапредување на креирањето на младински политики “, финансиран од Европската Унија. Тој може бесплатно да се преземе на сајтот ​http://www.yes-network.org/  во делот на публикации. 

Категории

Најнови вести

Најпопуларни вести

Архива