Интернационален форум „Интеграциите во Европската унија и реформскиот процес на преговарачкото поглавје 20: Претпријатија и индустриска политика“

ПСМ Фондација во состав на проектот „Јакнење на капацитетите и механизмите за поддршка на реформскиот процес на Поглавје 20”, организира Интернационален форум на тема „Интеграциите во Европската унија и реформскиот процес на преговарачкото поглавје 20: Претпријатија и индустриска политика“, од 18-19 април 2019 година, во Хотел Арка, во Скопје.

Дво-дневниот Интернационален форум има за цел да овозможи вмрежување како и размена на добри практики во областа на поглавје 20. Покрај можностите за вмрежување на интернационално ниво, настанот ќе овозможи и промоција на активностите на новоформираната платформа „Поглавје 20“, како и ќе промовира регионална соработка за креирање на подобри индустриски политики и политики за малите и средни претпријатија.

Во состав на форумот планирани се панел дискусии како и средби за вмрежување помеѓу граѓанските организации и институциите од регионот со цел трансфер на знаење и размена на добри практики. Форумот предвидува да вклучи 70 учесници, експерти во областа на поглавје 20, претставници од релевантни национални и регионални инстиуции, стопански комори, бизнис инкубатори, технолошки паркови, факултети и компании.

АГЕНДА за настанот.

Сите чинители кои се заинтересирани да земат учество во овој настан со што ќе придонесат во унапредување на реформскиот процес на поглавје 20, може да се пријават на следниот линк: https://chapter-20-forum.b2match.io/ 

По доставената пријава, потребна е потврда од организаторите за вашето учество.

За сите учесници на дво-дневниот интернационален форум, обезбедени се храна и освежување во состав на проектот.

За странските учесници, предвидено е покривање на патни трошоци и хотелско сместување за два дена во Хотел Арка, Скопје.
 
Контакт информации:
Софија Цали Кузманова, sofija.cali[AT]yes.org.mk, +389 76 468 031, +389 2 3108 891
Маја Лукарова, maja.lukarova[AT]yes.org.mk, +389 70 233 785, +389 2 3103 660
 

Категории

Најнови вести

Најпопуларни вести

Архива