Аплицирањето за добивање финансиска поддршка за проекти е исклучително конкурентен процес. Додека подготовката на одличен проект е од врвен приоритет, познавањето на политиките и контекстот на донаторите е подеднакво важно како и менаџирањето и имплементацијата на финансираниот проект. Мрежата нуди стручна помош при подготвување и имплементација на проектни апликации со цел зголемување на можностите за ЕУ финансирање преку претворање на иновативните идеи на граѓанските организации во предлог-проекти. Ова опфаќа идентификување и селекција на соодветни грантови и тендери за организацијата, помош при формирање на партнерство, пишување на предлог-проекти, избор на експерти, советување при процесот на преговарање со донаторите, буџетирање, контрола на квалитетот и имплементација за проекти.